ЕП бара формирање на меѓународен трибунал за злосторствата на Русија во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Европскиот парламент (ЕП) денеска усвои резолуција со која се бара формирање на специјален меѓународен трибунал за наводни руски злосторства во Украина.

Во резолуцијата пратениците бараат руското политичко и воено раководство да одговара за злосторствата од агресијата врз Украина.

ЕП наведува дека злосторствата извршени од руските сили во Буча, Ирпин и многу други украински градови ја откриваат бруталноста на војната и ја истакнуваат важноста од координирана меѓународна акција за изведување на одговорните пред лицето на правдата според меѓународното право.

Слични содржини