173
Полицијата во Париз употреби солзавец против демонстрантите кои денеска протестираа против пензиските реформи.
На рабовите на уличниот протест беше фрлен солзавец кога некои демонстранти, облечени во качулки и маски кои ги покриваат нивните лица, фрлаа разни предмети кон полицајците, јавува „Ројтерс“.
„Фигаро“ пренесува дека демонстрантите фрлале камења кон полицијата.