Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, тивко го посети украинскиот главен град на крајот на минатата недела за тајно да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот разузнавачки апарат, објави „Вашингтон пост“.
Зеленски и високите украински разузнавачи разговараа за тоа колку долго Киев може да очекува континуирана помош од САД и другите западни земји откако републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом на САД
Шефот на ЦИА го информирал Зеленски за „што Русија воено планира во следните недели и месеци“, нагласувајќи ја „итноста на моментот на бојното поле“ за украинските сили, според Вашингтон пост.
Покрај споделувањето на разузнавачката анализа на Вашингтон, Барнс, наводно, го предупредил Зеленски дека американската воена помош може да исчезне во наредните месеци поради противењето на републиканците, кои неодамна ја презедоа контролата врз Конгресот.
За време на разговорите, украинските власти, наводно, изразиле загриженост за американската поддршка и прашале колку долго би можеле да очекуваат помошта да продолжи. Барнс, наводно, признал дека до „помош ќе биде потешко да се дојде во одреден момент“ со тоа што републиканците ќе го вратат мнозинството во Претставничкиот дом, бидејќи многу конзервативни законодавци стануваат сè покритични кон американската великодушност.
Американскиот претседател Џо Бајден одобри повеќе од 27 милијарди долари директна воена помош за Киев од преземањето на функцијата, а последниот пакет помош од 2,5 милијарди долари беше одобрен во четвртокот.