„Не ти е срам да се пишиш Бугарин“: Мерка притвор за 24-годишниот охриѓанец кој го нападна Пендиков

од Radmila Tasevska
273 прегледи

Предлог за определување мерка притвор достави надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид, за 24-годишен охриѓанец осомничен за кривично дело тешка телесна повреда нанесена врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот донесе Основното јавно обвинителство Охрид.

На 19 јануари, во кафе-бар во Охрид, осомничениот пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, упатувајќи му ги зборовите „не ти е срам да се пишиш Бугарин“ и се оддалечил. Неколку часа подоцна, кога оштетениот излегол од кафе-барот и се движел кон неговото возило, осомничениот заедно со уште две други непознати лица го пресретнале и го нападнале, удирајќи го по главата и телото и нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот, соопшти државното Јавно обвинителство.

Слични содржини