Бугарскиот претставник во Европскиот парламент и копретседател на ВМРО, Ангел Џамбазки, се жали пред Европската комисија, Европскиот парламент и Судот на правдата на Европската унија за нападот врз секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, соопшти прес-центарот на ВМРО.
Ангел Џамбазки инсистира на итна реакција од страна на европските институции за систематското кршење на човековите права во Македонија. Тој инсистира и на итен прекин на преговорите за членство во Европската унија на Република Северна Македонија.
Европратеникот најави дека членовите и симпатизерите на ВМРО денеска во 12:00 часот ќе протестираат пред зградата на Европската комисија во Софија, во одбрана на правата на луѓето со бугарски идентитет во Република Северна Македонија.