БАЛТИЧКИТЕ држави и порачаа на Германија „веднаш“ да испрати тенкови „Леопард“ во Украина, што владата во Берлин не сака да го направи, пишува „Гардијан“.
– Ние, министрите за надворешни работи на Летонија, Естонија и Литванија, ја повикуваме Германија веднаш да и обезбеди на Украина тенкови „Леопард“. Ова е неопходно за да се запре руската агресија, да и се помогне на Украина и брзо да се воспостави мир во Европа. Германија како водечка европска сила има посебна одговорност во овој поглед – напиша на Твитер летонскиот министер за надворешни работи, Едгарс Ринкевич.
Истиот твит го објавија и неговите колеги од Естонија и Литванија, пишува британскиот весник.
Балтичките држави се граничат со Русија и стравуваат дека Москва, доколку победи во војната во Украина, би можела да се сврти против трите земји кои некогаш биле дел од Советскиот Сојуз, оценува „Гардијан“.
Молбата на Ринкевич доаѓа еден ден откако воениот самит во воздухопловната база Рамштајн во Германија не доби ветување од владата во Берлин дека ќе дозволи испраќање тенкови за помош на Киев.