Чулев: МВР доделила милионски бизнис на приватна фирма за набавка на храна иако има свои кујни

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Приватна компанија која добила грант за изградба на фабрика од владата, сега руши рекорди во добивање на милионски тендери во вредност од неколку милиони евра од истата таа влада, обвини денеска Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, за прв пат во историјата, полициските службеници сместени во објектот во Ѓорче Петров и Центарот за обука во Идризово ќе консумираат храна која ќе биде набавена од страна на приватна компанија, основана токму со финансиска поддршка од владата на СДСМ.

Почитувани, ова е договорот за вршење на угостителски услуги односно набавка на храна за потребите на полициските службеници и лицата кои се на обука во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Договорот е склучен помеѓу МВР на Оливер Спасовски и фирмата Индустри сервис, а со кој му се дава право на Министерството за внатрешни работи да потроши до 440 милиони денари, односно 7 милиони и 150 илјади евра за исхрана. Се работи за бонбона бизнис со оглед дека само во Центарот за обука на дневна основа ќе се дистрибуираат нешто помалку од 1.000 оброци“, посочи Чулев.

Слични содржини