Пет работи што треба да ги направите пред тренинг за најдобри резултати

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Сакале или не, сите можеме да се согласиме дека вежбањето е важно за одржување на физичкото и менталното здравје. Не е важно дали вежбате заради ментална стабилност и позитивни ендорфини кои вежбањето може да ги обезбеди или се обидувате да изгубите некој килограм вишок, тренерите нагласуваат дека времето поминато во теретана е многу корисно, пишува Индекс.

Меѓутоа, кога ќе дојде време да се „фатиме за работа“, повеќето од нас не знаат од каде да почнат за да добијат максимални резултати.

Да пиеме или да јадеме пред тоа? Што е со истегнување? Или можеби треба да земаме суплементи?

Има навистина многу прашања, а кога е во прашање нашето здравје, најдобро е да бидеме безбедни. Затоа тренерите решија да откријат пет работи пред тренинг кои помагаат да се постигнат подобри резултати за време на тренинзите, а тие се:

*Вежбите планирајте ги однапред за да не ги прескокнете
*Задолжително истегнување
*Лесна и здрава храна
*Земање суплементи
*Доволно сон

Сепак, тренерите нагласуваат дека, особено кога станува збор за земање суплементи пред тренинг, неопходно е да се води сметка за видот на суплементите што ги земаме. На пример, креатин монохидрат сè уште е најпопуларната форма на додаток во фитнес светот. Со оглед на тоа што ќе ви даде сила, ќе ја зголеми издржливоста и ќе ја намали болката за време и по тренингот, а повеќето тренери го препорачуваат овој конкретен додаток за најдобри можни резултати.

Слични содржини