Нови доверливи документи пронајдени во домот на Бајден во Делавер

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Американското Министерство за правда откри неколку доверливи документи при претрес на куќата на американскиот претседател Џозеф Бајден во градот Вилмингтон, во државата Делавер, објави адвокатот на претседателот – Боб Бауер.

Во петокот, претседателот Бајден дозволи пристап до неговиот дом со цел „да ги пребара сите простории во потрага по потенцијални досиеја за потпретседател и потенцијален доверлив материјал“, се вели во изјавата на адвокатот на Бајден.

Слични содржини