Секој оној кој среде Скопје ќе го навредува и негира македонскиот народ, ќе му биде последно доаѓање, ова го порача шефот на дипломатијата Бујар Османи кој денеска во Софија заедно со неговиот бугарски колега Никола Милков, беа во посета на Христијан Пендиков.
Министерот Османи го осуди чинот на насилство извршен врз Пендиков и порача дека веќе ќе има нулта толеранција и за насилството и за провокаторите кон македонската и која било заедница во Северна Македонија.
„Какви било првокации од политичари кои што доаѓаат во Република Северна Македонија, сред Скопје го негираат и навредуваат македонскиот народ, тоа мораме да го прекинеме. Тој циклус во кој сме влезени мора да престане и затоа упатуваме порака-тоа ќе биде последно доаѓање во Република Северна Македонија на секој кој што ќе ги навреди Македонците, македонскиот народ или било која друга заедница. Ние нема да дозволиме никој да ја навреди бугарската заедница или најмалку да покаже насилство кон припадник на бугарската заедница во Северна Македонија и државата тоа ќе го гарантира – изјави министерот Османи.
Османи порача дека провокациите и насилствата мора да престанат и дека Северна Македонија нема да дозволи провокатори и насилници да ја киднапираат агендата на градење добрососедски односи со Република Бугарија.