Мијалков и Тачи добија по две години затвор за „Титаник 2“

од Nikola Popovski
176 прегледи

Мендух Тачи и Сашо Мијалков се виновни за случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности, одлучи денеска Кривичниот суд – Скопје.

Лидерот на ДПА е осуден на затворска казна во траење од две години, додека поранешниот директор на УБК исто така доби две години затвор.

Двегодишни казни затвор им беа изречени и на поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска.

Според обвинението на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), Мијалков преку Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од Државната изборна комисија (ДИК), Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Ова беше повторно судење за конкретниот предмет, откако Апелација еднаш ги укина пресудите.

Со првостепената пресуда, претходно Мијалков доби 3 години затвор, а на 3 години и 2 месеци беше осуден Мендух Тачи.

Најголема затворска казна тогаш доби поранешниот член на ДИК, предлог на ДПА, Бедредин Ибраими – 4 години и 6 месеци, додека членовите на ова тело од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, добија по три години затвор.

„Титаник 2“ се однесува на договарање за гласање во ДИК во врска со приговор на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013 година.

Слични содржини