195
Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа денес без водоснабдување од 09,00ч. ќе бидат корисниците од општина Бутел и тоа: Поради водоводен приклучок ф-300 мм на ул. 2 Визбегово (Њу Стар), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Визбегово (о. Бутел). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Поради дефект на огрлица ф-150мм на ул.„Христо Татарчев”, без вода од 08:00 часот се корисниците во дел од населбата Припор.
Водоснабдување ќе биде во прекин до отстранувањето на дефектот, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.