Николовски: Ги повикувам апликантите да ги подготвуваат своите проекти за ИПАРД 3, повиците следуваат наскоро

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Со новата ИПАРД 3 програма имаме зголемување на европските средства за 62%, односно 97 милиони евра неповратни средства. Ги повикувам сите апликанти да ги подготвуваат своите проекти, повиците следуваат наскоро, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Во текот на вчерашниот ден министерот Николовски и премиерот Ковачевски ја посетија компанијата „МЕТРО“, која претставува една од успешните ИПАРД приказни.

„Денес државата не враќа назад со камати нереализирани средства од ИПАРД програмата, туку бара дополнителни средства за да може да се реализираат сите ИПАРД проекти. Успешните ИПАРД приказни што ги имаме во секој град и во секое село, ќе бидат новиот успех со кој како држава ќе можеме да се гордееме“, изјави Николовски при посетата на компанијата „МЕТРО“.

Слични содржини