Македонија си ја одреди стратешката насока. ОБСЕ е колективна организација и, како таква, не остава простор за сoлирање на ниту една земја. Приоритет во наредниот период е сите заедно да работиме за мир во Европа и светот. Мирот нема цена, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за српска „Политика“.
Претседателот на најголемата опозициска партија очекува дека Македонија и сите земји-членки на ОБСЕ ќе работат на запирање на војната во Украина.
-Недозволиво и незамисливо е да се води војна во 21 век, да се крши суверенитетот на една земја и да се оспорува нејзиниот интегритет. Тоа е почетната точка. Ние веруваме во овие принципи и сметаме дека енергијата треба да се насочи кон градење канали за комуникација и соработка за да се постигне мир, без да се газат овие постулати. Подобро е да се преговара со години отколку да се води војна дури и за еден ден. Решенијата се секогаш во разговорите, а не во судири, истакнал меѓу другото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интевјуто.