Расчистено кривично дело „убиство“, поднесена кривична пријава

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Денеска (25.01.2023) од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава против Ф.У. (39) од Тетово поради основано сомнение за извршено кривично дело „Убиство“ предвидено и казниво по чл. 123 од КЗ на РСМ, извршено на 29.12.2022 на ул. „1737“ во Скопје, кога Ф.У. со употреба на остар предмет – нож го усмртил А.Д. (64) од Скопје.

Имено, по добиена пријава дека во напуштена куќа на улица „1737“ во Скопје било пронајдено починато лице со видливи повреди, преземени се мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, обезбедени се материјални докази и утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело Ф.У. (лице кое е осуденик кој требало да биде на издржување на казна затвор во КПУ Идризово Скопје, но во тој период бил во бегство). Ф.У. е приведен од полициски службеници од СВР Скопје и спроведен во КПУ Идризово, а во службен разговор го признал делото.

Слични содржини