Бајден планира да ја посети Европа за првата годишнина од војната во Украина

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден размислува за патување во Европа на првата годишнина од руската инвазија на Украина, потврдиле за Си-Ен-Ен двајца високи претставници на федералната администрација.

Тие истакнале дека патувањето се уште не е потврдено и дека допрва треба да се договорат сите детали.

Еден функционер посочил дека една од дестинациите се смета за Полска, клучен сојузник на НАТО во Источна Европа каде моментално се стационирани неколку илјади американски војници, а која служи и за трансфер на оружје во Украина.

Соговорниците на Си-Ен-Ен изјавија дека е малку веројатно Бајден да ја посети Украина, со оглед на моменталните безбедносни услови во таа земја.

Соработниците на Бајден веќе неколку недели планираат како да ја одбележат годишнината од инвазијата, а се размислува и за можен голем говор на американскиот претседател.

Слични содржини