Тетовчанец паднал од 8-ми кат на зграда, се бори за живот

од Stefanija Kuzmanovska
447 прегледи

Четириесет и петгодишен тетовчанец се бори за живот откако паднал од 8-миот кат од зграда, каде што живеел заедно со неговата мајка.

Во моментов е на лекување во скопската клиничка болница откако паднал од терасата од својот стан.

Според информациите, тој паднал врз паркиран автомобил и се здобил со тешки телесни повреди.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово подоцна ќе утврдуваат дали се работи за несреќен случај, обид за убиство или обид за самоубиство.

Слични содржини