Американската актерка Ариел Винтер е најпозната по улогата на Алекс Данфи во серијата „Modern Family“.
Таа вчера наполни 25 години, а во светот на глумата влегла на само четири години.
Десет години подоцна, таа се најде на насловните страни кога нејзината постара сестра Шанел стана нејзин старател.
Ариел ја тужеше мајка си за психичко и физичко малтретирање. Поради нејзиното однесување, како што рекла актерката, имала чувство дека луѓето премногу ја сексуализираат, а таа не била доволно возрасна за тоа да биде нормално.
„Мајка ми ме облекуваше во најмали мини здолништа, морнарски костуми, деколтирани работи, најкратки фустани што сте ги виделе. Луѓето би помислиле дека имам 24 години, но имав 12. Ако требаше да снимам сцена во која би била гола на таа возраст, мајка ми ќе се согласеше на тоа“, изјавила Ариел пред неколку години.
Додека глумеше самоуверено девојче на „Modern Family“, во реалниот живот Ариел се соочи со грди коментари за нејзиниот изглед, па дури и отиде на психотерапија и земала лекови поради тоа.
Кога наполнила 18 години, решила да ги намали градите и оттогаш се чувствувала многу подобро, како нова личност. Ко-ѕвездите Софија Вергара и Џули Боуен ѝ помогнале да се справи со критиките.
„За среќа, бев опкружена со прекрасни луѓе кои ме поддржаа и ми помогнаа да стекнам самодоверба“, изјави актерката.
Винтер неодамна ја прослави својата трета годишнина со колегата Лук Бенвард, а минатата година се пресели од Лос Анџелес на тајна локација за да може да води нормален живот.