Ковачевски: Инвестициите и новите работни места се резултат на храбрите и мудри одлуки

од Stefanija Kuzmanovska
145 прегледи

Инвеститорите сакаат сигурност и предвидлива клима за инвестирање. И инвестициите и новите работни места се резултат на храбрите и мудри одлуки што ги донесовме кога Република Северна Македонија стана членка на НАТО. Ја осигуравме безбедноста на државата и како што рековме, овој чекор веќе придонесува и на економски план – и тоа во специфичното време во кое живееме, рече премиерот Димитар Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека напредокот на државата дополнително ќе го осигураме со европските интеграции и членството во Европската Унија.

„Оваа Влада, во јули минатата година, донесе нови храбри и мудри одлуки, со коишто, по 17 години од добиениот кандидатски статус, ги почнавме преговорите со Унијата. Од ЕУ веќе добивме прва транша буџетска поддршка за справување со последиците светската криза, во износ од 80 милиони евра. И ова е само еден показател за солидарноста во Европа, кога станува збор за справување со кризите од каков било карактер и за тоа што значи да си дел од големото европско семејство“, истакна Ковачевски.

Премиерот додаде дека тоа е поддршка за развој преку европските фондови, поголем пазар на кој што компшаниите ќе може да конкурираат, развој на економијата, повеќе работни места за граѓаните и повисоки плати.

„Затоа, во 2023-та година продолжуваме со стратегискиот пристап и бројните планирани проекти за коишто отворивме нови можности. Но, најважниот проект за иднината на граѓаните и на државата е европскиот проект, за којшто исто така отворивме можности и којшто отвора пат за ефикасна реализација, според европски стандарди, на сите други проекти. За таа цел, повикувам на одговорно однесување, во име на добрата иднина на сите и на нашата држава“, заклучи Ковачевски.

Слични содржини