117
Премиерот Димитар Ковачевски утре, најверојатно во Владата, ќе има средба со лидерот на Алијансата а Албанците (АА), Арбен Таравари, на која ќе се разговара за евентуален влез на партијата во владината коалиција, пренесе МИА.
Претседателството на Алијанса за Албанците во петокот на седница во Тетово формира тим составен од лидерот Таравари и петмина негово најблиски соработници со задача да преговараат дали нивната партија ќе стане дел од Владата и ќе се прошири владиното мнозинство.