Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш веќе неколку денови е во затвор во Барселона.
Алвеш беше уапсен откако една девојка го обвинила за силување. Сепак, Алвеш ќе остане во затвор до изрекувањето на пресудата.
Шпанската „Ла Вангардија“ направи приказна за затворот во кој е сместен Алвеш, а како што може да се прочита тој е во ќелија заедно со поранешен телохранител на бразилскиот фудбалер Роналдињо.
Адвокатот на Алвеш, Кристобал Мартељ, во интервју за „Антена 3“ истакнал дека Бразилецот на сослушувањето дал контрадикторни изјави бидејќи се плашел да не излезе во јавноста фактот што ја изневерил сопругата.
– Ќе прифатам што и да се случи. Си отидов од дома на само 15 години, ги надминав сите тешки и комплицирани ситуации во мојот живот, па истото ќе го направам и со оваа. Ништо не ме плаши – наводно рекол Алвеш.