Дани Алвеш повторно на суд

од Nikola Popovski

Дани Алвеш е на слобода откако плати кауција од еден милион евра, но во меѓувреме против него е отворена нова кривична постапка. Имено, поранешниот фудбалер е обвинет за плагијат, односно дека ја украл музиката на двајцата бразилски композитори Џулијано Матеус и Тиаго Матеус за песна објавена во 2020 година како дел од проект за Обединетите нации.

Еден од двајцата композитори објаснил дека тој ја напишал песната и му ја посветил на својот дедо, а Алвеш на крајот му ја украл песната.

Екс-фудбалерот веќе ги отфрли обвинувањата. Адвокатите на Бразилецот објаснуваат дека двајцата ја искористиле популарноста на играчот за незаконски да се збогатат на негова сметка.

-Делото е напишано исклучиво од Даниел Алвеш. Текстот на песната “Avião” нема никаква врска со оддавањето чест на нечиј дедо. Тие сакаат да се збогатат нелегално, велат адвокатите на Алвеш.

Во наредните недели, според шпанските медиуми, тој ќе мора да се појави на суд во Бразил под обвинението за плагијат.

За потсетување, судот во Шпанија го осуди Дани Алвеш на четири и пол години затвор во февруари за сексуален напад во Барселона на 30 декември 2022 година. Откако плати гаранција од милион евра, тој е пуштен на условен отпуст.

Слични содржини