Ситуацијата околу чествувањето на роденденот на Гоце Делчев е сериозна исто колку што е парадоксална и смешна. Варијации на тема. Ова е малку што ни го прават Бугарите – бетер треба да ни прават, да не згазат затоа што немаме памет. Се извинувам ако ова звучи несериозно, но не се знае кој е поголем мајмун во смисла дека една мала рака Бугари кои си играат дрн-дупка со цела една држава и нација или сите ние кои го глумиме Цацко со кубурата на појасот и чекаме да ја извадиме кога ќе бидат тешки времиња, а веќе се тешки. Делот на немање црвена линија и стоп го плаќаме скапо, вели политичкиот аналитичарот Агим Јонуз за последните затегнувања на односите меѓу Македонија и Бугарија после претепувањето на генсекот на клубот „Цар Борис Трети“.
Според Јонуз, има два елементи кои се клучни.
-Мала група националисти Бугари кои ова го прават многу успешно и дигаат прашина и една внатрешна маса луѓе кои не смеат да дигнат глас затоа што некогаш и негде потпишале дека имаат бугарски чувства и корени и си земале црвен пасош. Јас јавно го повикувам бугарското МНР да излезе со отворен список на се живо од Македонија што има бугарски пасоши. Дури и една маса македонски ултра-патриоти имаат бугарски пасоши и не смеат да реагираат. Кај нас поопасни оние што молчат од оние што напаѓаат, бара аналитичарот во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Тој е дециден дека бугарскиот народ не размислува како европратеникот Ангел Џамбаски.