ДРАМА ВО БРИСЕЛ: Вооружен напад во близина на европските институции (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
158 прегледи

Во метро-станицата Шуман во бриселскиот кварт во близина на седиштето на европските институции се случила страшен инцидент откако маж со нож нападнал граѓани.

Неколку лица се повредени, по што полицијата брзо успеала да го уапси сторителот.

Мажот го започнал нападот со нож додека бил во вагон во метрото пред да трча низ станицата обидувајќи се да ги нападне другите присутни лица, изјавиле неколку очевидци.

Еден млад човек е тешко повреден, а неколку други се здобиле со полесни расекотини. На местото веднаш пристигнале бројни полицајци и две возила на брза помош.

Човекот не бил на списокот за следење на Единицата за координација за анализа на закани, која ги следи терористичките активности во Белгија и не е познат на разузнавачките служби на Државната безбедност. Како таков, веројатно може да се исклучи терористички акт, пишува „Brussels times“.

Врз основа на однесувањето на мажот, сведоците шпекулираат дека тој страдал од психолошки проблеми.

Во меѓувреме, вработените во Европската комисија добиле безбедносно предупредување да ја избегнат областа на метро станицата Шуман.

Станицата во моментов е затворена по наредба на полицијата, а превозот со метрото е во прекин, соопшти бриселското јавно сообраќајно претпријатие „STIB“.

Фото: Zoran Popovic/via REUTERS

Слични содржини