Ерупција на подводен вулкан кај остров во Пацификот

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Подводниот вулкан Ист Епи, кај островот Вануату во Пацификот, еруптираше исфрлајќи пепел во височина до 100 метри.

Воспоставен е безбедносен периметар од 10 километри околу подводниот вулкан, кој се наоѓа на околу 68 километри северно од Порт-Вил, главниот град на оваа пацифичка нација.

Најпрво над местото е забележана пареа а потоа вулканот утрово почна да исфрла пепел.

Властите велат дека бродовите и авионите треба да ја избегнуваат областа.

„Го повикуваме локалното население да внимава на можни силни експлозии бидејќи ерупциите се уште траат“, изјави за АФП Рикардо Вилијам, специјалист за вулкани во Одделот за метеорологија и геолошки опасности во Вануату.

Слични содржини