УНХЦР: Македонија досега примила 6000 украински бегалци

од Nikola Popovski
168 прегледи

Северна Македонија до овој момент примила 6000 украински бегалци кои мораа да ја напуштат својата земја како последица на тамошната војна, покажуваат податоците на УНХЦР и Агенцијата на ЕУ за азил.

Според институциите, овие бројки се до јануари 2023 година, при што нашата држава е на второто место по бројот на примени Украинци во однос на земјите од Западен Балкан.

Oд регионот најмногу бегалци примила Црна Гора 32.000, во Србија 2700 Украинци, Албанија 2300, БиХ 100. Косово примиле само 13 новинари од Украина, иако претходно изразиле подготвеност да примат 5000 бегалци и 20 новинари.

Топ три земји од Европа кои примиле најмногу украински бегалци се Полска со 1,6 милиони, Германија еден милион и Чешка со 476.000.

Слични содржини