Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на прашањето дека е забележано големо присуство на полиција во црквата Свети Спас и во дворот каде што се наоѓа гробот на Гоце Делчев, според реакциите дали се создава слика, чествувањето да наликува на политички настан всушност, тој одговори дека не може да стане збор за никакво политичко чествување.
– Најважно е да направиме добра организација и да имаме чествување како што му доликува на Гоце Делчев и мислам дека во ниту еден случај не може да стане збор за никакво политичко чествување, рече Спасовски.
Додаде дека Гоце Делчев е лик, великан на Македонскиот народ.
– Затоа треба секој од нас да придонесе тоа чествување да биде национално, достоинствено без никаков проблем, без да создаваме заради политички интереси, политичка реторика и така натаму дополнителни тензии и конфликти. И мислам дека тоа што се случува би рекол една хибридна војна во тој дел за да се предизвикаат вакви тензии не ни одговараат на никој, изјави министерот и дополни дека ниту одговара на граѓаните на РСМ на државата, не одговара ниту на некој друг којшто сака тоа да го предизвика на политичките субјекти затоа е многу важно да бидеме сите одговорни како луѓе пред сè, како политичари да чествуваме достојно, а МВР презема и ќе ги презема сите мерки кој се потребни настанот да помине во најдобар можен ред да се сочува безбедноста, јавниот ред и мир што е врвен приоритет на нас како институции.
Спасовски посочи дека единствено нешто коешто го заслужува Гоце Делчев е тоа да имаме почит и достоинствено чествување. Тоа е нешто што се бара и очекува од сите нас сето поинаку какво било нарушување на јавен ред и мир насилство и не знам што нема да биде во рамките на овие очекувања, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во денешното гостување на МРТ.