222
Северна Македонија го зацврстува напредокот на Индексот на демократија на Економист и оваа година. Земјава напредува за една позиција и има резултат од 6,1, што е покачување за речиси цел поен во однос на 2016 година.
Во извештајот на Економист се наведува дека земјава, заедно со Молдавија и Црна Гора го консолидира напредокот истакнат минатата година, а се наведува дека напредокот на Северна Македонија се должи пред се поради напредокот во граѓанските слободи.
Овогодинешниот резултат од 6,1 е напредок од речиси цел поен во споредба со 2016 година, пред промената на власта, кога резултатот кој земјава го доби беше 5.23 и беше оценета како хибриден режим.
Минатата година Северна Македонија конечно беше ослободена од описот „хибриден режим“ и влезе во категоријата „демократии со недостатоци“, каде што оваа година покрај нас таму се наоѓаат уште 16 држави членки на ЕУ, како и Соединетите Американски Држави.