Условна казна за гинекологот во чија нелегална ординација родилка остана без три органи

од Nikola Popovski
204 прегледи

Струшкиот основен суд му изрече условна казна на гинекологот Мухамед Асани за давање здравствени услуги во нелегална ординација во неговата куќа, меѓу кои и на родилката Јилдз Веапоска, која подоцна остана без органите без матка, јајник и бубрег.

Според одлуката на Судот, Асани не треба да изврши друго дело во наредните четири години, во спротивно ќе треба да одлежи две години затвор.

ОЈО отвори случај речиси две години откако Веапоска ги загуби трите органи. Специјалист гинеколог акушер, специјализант по гинекологија и акушерство и гинеколог акушер, вработени во ЈЗУ Медицински центар Струга се товарат дека при укажување на лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентката.

Веаповска се породила на 31 август 2021 година во струшката болница а откако состојбата и станала критична ја префрлиле на скопските клиники, каде кога се разбудила од кома дознала дека и се извадени органите.

Мухамед Асани беше директор на струшката болница. По јавното обелоденување на случајот со Ваепоска, тој беше разрешен.

Слични содржини