Пендаровски оствари телефонски разговор со сер Стјуарт Пич

од Radmila Tasevska
137 прегледи

Денес претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните политички процеси во Република Северна Македонија и во поширокиот регион, со посебен акцент на дијалогот Белград – Приштина.

Во телефонскиот разговор, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења и информации за актуелните случувања поврзани со руската агресија врз Украина и континуираните напори на НАТО-сојузниците за поддршка на украинските власти и солидарност со украинскиот народ.

Слични содржини