На Косово избодено 20-годишно момче, Вучиќ покажа фотографии

од Nikola Popovski
157 прегледи

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на продолжението од седницата во тамошното Собрание за косовското прашање, се осврна на шесте услови за формирање на ЗСО кои ги изнесе косовскиот премиер Албин Курти.

Тој во своето обраќање рече дека денеска на Косово е избодено 20-годишно момче.

„Денес кај нас го гледам истото што го гледам и со Курти – дека не можете да разговарате за ништо на рационална основа. Неговите 6 услови за формирање на ЗСО се срамота. Срамота е тоа што го прават. Тоа ви покажува дека сакаат конфликт. Еве момче, млад човек, 20 години, Ѓузиќ Бобан беше прободен со нож во рамото од двајца Албанци во селото Могила, општина Витина. Сега тоа се случи. Ова е омразата што режимот на Курти ја промовира против Србите“, изјавил Вучиќ и додал:

„И на ова, се плашам, нашите западни партнери ќе реагираат со смирување на двете страни. Ова се слики од две убодни рани во пределот на рамото“, прикажал Вучиќ.

Слични содржини