Неколку силни земјотреси на границата меѓу Турција и Сирија направија катастрофа.
Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Пазарџик, во југоисточниот дел на Турција, на границата со Сирија.
Досега се пријавени 76 загинати во Турција и над 300 во Сирија, а бројот на повредени е огромен. Се предвидува дека бројот на жртви може да се искачи на 1.000, додека се очекуваат над 10.000 повредени, бидејќи спасувачите се уште ги извлекуваат затрупаните во урнатините.
Турските власти соопштија дека најмалку 130 згради се срамнети со земја, додека такви податоци за Сирија нема.
According to preliminary data, about 130 buildings were destroyed in Turkey. pic.twitter.com/qdL4qUYblZ
— 301 Military (@301military) February 6, 2023
Во градот Шанлируфа на југот на Турција за време на земјотресот се урна целата болница и под урнатините ги затрупа пациентите, лекарите и медицинскиот персонал.
Се стравува дека голем број загинати се затрупани под тони бетон, но спасувачите не се откажуваат од надежта дека има преживеани под урнатините.
На местото на несреќата пристигнала и механизација и спасувачи, кои им се придружиле на граѓаните во обидот да ги пронајдат живите и повредените, јавуваат турските медиуми.