144
Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до претседателите на Турција и Сирија, Реџеп Тајип Ердоган и Башар ал Асад, поради разорниот земјотрес што ги погоди овие две земји.
„Примете го нашето најдлабоко сочувство во врска со бројните жртви и огромните разурнувања предизвикани од силниот земјотрес во вашата земја. Ве молиме да им го пренесете вашето искрено сочувство и поддршка на семејствата и пријателите на жртвите, како и желби за брзо закрепнување на сите повредени. Подготвени сме да ја пружиме потребната помош во овој поглед“, се наведува во телеграмата на Путин до Ердоган, објавена на веб-страницата на Кремљ.