Премиерот Димитар Ковачевски упати сочувство до турскиот народ за жртвите од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата.
-Ужасна вест за земјотресот во Турција која не растажи сите. Во мое лично и во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам длабоко сочуство кон Реџеп Таип Ердоган за изгубените животи и посакувам брзо опоравување на повредените, напиша премиерот Ковачевски на својот Фејсбук профил.
Претходно сочувство изрази и претседателот Стево Пендаровски.
Телеграма со сочувство изрази и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ изразувам длабоко жалење и искрено сочувство до пријателскиот турски народ и до Република Турција за жртвите од страотниот земјотрес кој го погоди реонот на градот Газиантеп. Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите, во надеж дека надлежните ќе успеат да спасат што е можно повеќе луѓе во акциите на извлекување, објавија од ВМРО-ДПМНЕ.