Маск понудил помош по земјотресот, Турците го одбиле

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Турција ја отфрли понудата на американскиот милијардер Елон Маск за активирање на Starlink, сателитската интернет услуга на SpaceX, по силниот земјотрес што ја погоди Турција.

Корисник на Твитер го предупредил Маск дека има „сериозни проблеми во комуникацијата“ во Турција по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди југоисточниот дел на земјата во близина на сириската граница.

„Турската влада сè уште не го одобри Starlink. SpaceX може да го испрати веднаш штом ќе биде одобрен“, одговори сопственикот на Twitter.

„Блумберг“ пишува дека анонимен висок турски функционер навел дека се благодарни за понудата на Маск, но дека Турција има доволен сателитски капацитет, а нејзините базни станици работат на батериско напојување.

Слични содржини