219
Министерството за надворешни работи на Костарика денеска соопшти дека Пекинг признал дека еден од кинеските балони прелетал над Костарика и дека кинеската амбасада во Сан Хозе се извинила за овој инцидент.
Амбасадата, како што се наведува, „инсистирала дека балонот се користел за научни цели, пред се за следење на времето“, и дека балонот скршнал од предвидениот пат, пренесува „Ројтерс“.
Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Костарика на 5 февруари објави дека локалните власти добиле информации за балон кој прелетал над земјата на 2 февруари.