Новата карикатура на „Шарли Eбдо“-Слобода на изразување или говор на омраза

од Stefanija Kuzmanovska
456 прегледи

Кога очите на целиот свет се впрени кон апокалиптичниот земјотрес во Турција и Сирија, во кој досегашната бројка на настрадани е над 5 илјади жртви, францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ реши да го иронизира настанот преку карикатура.

Имено, магазинот „Шарли Ебдо“ на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави карикатура која предизвика „лавина“реакции. Карикатурата се состои од разурнати згради, под кои е испишано„ Земјотрес во Турција! Нема потреба од испраќање тенкови…

Карикатурата не беше добро прифатена на Твитер, а во голем број од коментарите под објавата се повикува на хуманост.

Еден од коментарите гласи „Дури и Турците беа „Шарли Ебдо“ за да ја споделат вашата болка, а вие денес се осмелувате да се исмевате со страдањата на цел народ. Навистина треба да имате нерви за да го правите ова, кога сè уште има бебиња кои чекаат помош под урнатините“.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.

Слични содржини