Сирија го активира механизмот за цивилна заштита на ЕУ по земјотресот

од Stefanija Kuzmanovska
287 прегледи

Сирија го активира механизмот за цивилна заштита на ЕУ два дена по разорниот земјотрес што ги погоди таа земја и Турција, при што загинаа повеќе од 9.600 луѓе, изјави денеска комесарот за управување со кризи на Европската комисија Јанез Ленарчич.

„Утрово добивме барање од сириската влада за помош преку механизмот за цивилна заштита“, изјави Ленарчиќ за новинарите, пренесе „Ројтерс“.

Тој рече дека земјите-членки се охрабруваат да придонесат во обезбедувањето помош.

Слични содржини