155
Тинејџерка по потекло од Сирија беше спасена од урнатините во средата, 58 часа по разорните земјотреси што ја погодија јужна Турција.
Лучен Елали (14) е спасена по два и пол часа спасувачки напори во Кахраманмарас.
Родителите на Елали беа спасени неповредени, но нивните две деца беа потврдени дека се мртви, а две остануваат под урнатините додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување.
Во земјотресите на југот на Турција загинаа 9.057 лица, а 52.979 се повредени. Во потрагата и спасувањето се вклучени повеќе од 96.000 спасувачи.
Најмалку 2.802 лица загинаа, а 5.035 се повредени во Сирија по серијата силни земјотреси во Турција.