Шеснаесет бебиња кои беа пронајдени сами во Кахраманмараш по земјотресот што во понеделникот ја погоди Турција, со авион на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беа пренесени во Анкара.
Авионот на претседателот беше ставен во состојба на подготвеност по земјотресот и веќе беше искористен за префрлување на лица во критична состојба на лекување во Анкара.
Грижата за децата, кои по се изгледа не се повредени, ќе ја преземе детска организација поврзана со Министерството за семејство.
Сопругата на турскиот претседател Емина Ердоган ги посети бебињата во средата.
Фото: Анадолија