Цвеќе и венец пред Влада: Оддадена почит за прерано починатиот Благојче Илиевски (ФОТО)

од Nikola Popovski
279 прегледи

Асоцијацијата за цистична фиброза и пациентите болни од истата болест денеска во 14 часот пред Влада се збогуваа со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски.

Илиевски почина во текот на вчерашниот ден, чекајќи го лекот „трикафта“.

Со едноминутно молчење, свеќи, цвеќе и венец АЦФ и официјално се збогува со својот соборец, во исто време, кога во Битола беа погребани неговите посмртни останки.

Од просторот пред Влада беа испратени пораки до надлежните за што поскоро обезбедување на потребниот лек.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска нагласи дека Управниот одбор на Фондот за здравство донел одлука за да се обезбедат сите средства за сите критични пациенти, согласно барањето на Детската клиника.

-Очекувам лекот да биде достапен исклучително брзо бидејќи Агенцијата за лекови и МАЛМЕД имаат задача веднаш да го регистрираат. Бирото за јавни набавки има задача да ги обезбеди сите потребни документи за интервентен увоз на овој лек бидејќи го произведува еден производител. Не може да чекаат на бесконечни тендери кога се работи за лек кој го произведува еден произвдетител. И ова да се спроведе сега јас лично ќе се заложам. Нема време за чекање. Јас од вакви работи ПР не правам. Ова е вонредна мерка, тоа е јасно, но јас немам намера да дозволам да ни умре друг пациент поради оваа невозможна бирократија, рече Ковачевски за обезбедувањето финансиски средства за лекот „трикафта“.

Фото: Локално

Слични содржини