ИЗВЛЕЧЕНО БЕБЕ РОДЕНО ПРЕД 20 ДЕНА: Спасувачите останале без зборови кога виделе што држи (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
235 прегледи

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси долж границата меѓу Турција и Сирија. Бројот на загинати продолжува да расте и се искачи на повеќе од 20.000. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те региони најпогодени од земјотресите.

Британски „Метро“ објави дека бебе по име Керем старо само 20 дена по 60 часа било извлечено од под урнатините!

Како што се наведува и се гледа на видеото објавено на социјалните мрежи, бебето во раката држи прамен коса, за која се претпоставува дека е од неговата мајка.

-Бебето било извлечено од урнатините во Хатај, јужна Турција. Не е познато дали некој од членовите на неговото семејство ја преживеал катастрофата, стои во текстот на британскиот медиум.

 

Повеќе од 90 отсто од преживеаните од земјотреси се спасувааѕ во првите три дена по катастрофата, вели Илан Келман, експерт за природни катастрофи при Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL).

Слични содржини