Пазарниот инспекторат ќе проверува дали има двојазични етикети и амбалажи на производите

од Nikola Popovski
247 прегледи

Нема да се проверуваат старите етикети и амбалажи по производите дали се двојазични, но за новите набавки ќе важи законот.

-Јас имав состанок со новиот сопственик на ДПИ. Во делот на залихите, инспекторите нема да постапат бидејќи веќе се купени амбалажи, декларации, етикети и слично. За новите набавки, сите наши трговци и домашни компании кои увезиваат одредени производи, набавки кои треба да ги направат, треба да ги испечатат двојазични. Не би било фер во држава како Северна Македонија да имаме на други јазици, а зошто да немаме на српски, влашки, босански, турски и на ромски каде што се има можност, изјави вчера министерот за економија, Крешник Бектеши пред медиумите.

Тој додаде дека согласно Законот за употреба на јазиците, етикети со македонски и албански мора да има.

Слични содржини