ЕК бара Скопје и Софија да избегнуваат непотребни тензии

од Nikola Popovski
153 прегледи

Европската комисија (ЕК) многу внимателно го следи развојот на настаните поврзани со односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, соопштиле од Брисел како одговор на прашање на „БНТ“.

Од таму не ги коментирале настаните на границата за време на викендот и чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, велејќи дека не ги коментираат тековните истраги или правните постапки.

ЕК потсетила на важноста на добрососедските односи.

-Во овој контекст, потребни се напори од сите страни да се промовира атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување и да се избегнуваат непотребни тензии, истакнале од ЕК.

Пре два дена, Комитетот на министри на Советот на Европа ја усвои резолуцијата за национални малцинства во С. Македонија, со која се утврдува дека не постои основ за тврдењата на Бугарија за постоење на системска дискриминација врз малцинствата во земјава.

Одбивајќи ги сите амандмани на Бугарија, Комитетот на министри во целост ја прифати аргументацијата и ставовите на македонското Министерство за надворешни работи.

Слични содржини