ДЗР: Граѓаните потрошиле скоро 20 милиони за ПЦР тестови на приватно

од Nikola Popovski
161 прегледи Lab technician holding swab collection kit,Coronavirus COVID-19 specimen collecting equipment,DNA nasal and oral swabbing for PCR polymerase chain reaction laboratory testing procedure and shipping

19,9 милиони евра потрошиле граѓаните за ПЦР тестови во приватното здравство во последните 3 години, открија ревизорите од Државниот завод за ревизија (ДЗР) во објавениот извештај за работењето на Фондот за здравствено осигурување.

Ревизија констатирала дека не е ажурирана листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот.

-Во 2021 година реализиран е значајно помал обем на услуги од договорениот надоместок, поради што 106 од вкупно 116 ЈЗУ имаат добиено статус на неодржливи, се наведува во соопштението од ДЗР.

Исто така во 2021 година реализиран е значајно помал број на услуги од договорениот надоместок, поради што 106 од вкупно 116 јавни здравствени установи имаат добиено статус на неодржливи, се вели во извештајот.

Како клучни препораки ДЗР ги посочува воспоставувањето систем на планирање, следење и редовно вршење контрола на видот и обемот на извршените здравствени услуги и издадени рецепти.