172
Скопјанка на возраст од 26 години е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје.
„На 09.02.2023 во 08.10 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од улица Александар Урдаревски и улица Натанаил Кучевишки, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(35) од Скопје, удрило во пешакот Х.П.(26) од Скопје“, информираат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.