Бремена жена и нејзината ќерка го преживеале невозможното: 5 дена биле под урнатините (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
171 прегледи

Од Турција пристигна уште еден доказ дека чудата се можни. Имено, од урнатините во градот Газиантеп, 115 часа по разорниот земјотрес во кој загинаа најмалку 24.000 луѓе, извлечена е трудница и нејзината ќерка.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи може да се види како спасувачите извлекуваат жена која е во шестиот месец од бременоста и нејзината седумгодишна ќерка од под урнатините.

Двете поминале 115 часа под урнатините, што се речиси цели пет дена.

Да потсетиме, во разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, загинаа повеќе од 24.000 луѓе, а најмалку 80.000 беа повредени.

Спасувачите се во трка со времето за да ги извлечат преживеаните.

Властите соопштија дека околу 6.500 згради се урнале во Турција, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, кој погоди околу 13 милиони луѓе.