СЕЛЕКТОРОТ НА ТУРЦИЈА РАБОТИ НА КАСА ВО СУПЕРМАРКЕТ: Познатиот Германец помага по разорниот земјотрес! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
138 прегледи

Голем број спасувачи се на терен и меѓу урнатините во Турција и Сирија извлекуваат преживеани по разорниот земјотрес што ги погоди овие две земји.

Исто така, на местото на трагедијата дојдоа и голем број волонтери, познати личности и спортисти кои помагаат колку што можат.

Еден од нив е и познатиот Германец Стефан Кунц, моментално селектор на турската фудбалска репрезентација, кој помага во локална продавница. Тој седнал на една од касите во супермаркетот и одработил цела смена при која целта била да собере што повеќе пари за да бидат проследени до настраданите, пренесуваат турските медиуми.

Овој потег на Кунц, кој како селектор на младата германска репрезентација беше шампион на Европа, предизвика големо внимание низ целата земја.

Германските медиуми брзо ги пренесоа информациите и снимките од маркетот, при што неговиот потег ги воодушеви Турците кои последните денови минуваат низ многу проблеми. Љубителите на фудбалот го поздравија потегот на тренерот и сигурно ќе паметат дека тој беше тука за нив во вакви исклучително тешки моменти.

Слични содржини