Во морето урнатини по земјотресот една зграда стои недопрена: Откриено која е причината и кој е сопственикот

од Nikola Popovski
250 прегледи

Земјотресот што во понеделникот двапати го потресе турскиот град Кахраманмараш урна многу згради до темел. Се распаднаа нови и стари згради на југот на земјата, но и некои изградени пред само шест месеци.

Неколку дена по земјотресот, на социјалните мрежи се појави слика, а на неа се гледа една зграда која успеала да го издржи земјотресот и да остане целосно недопрена, додека околу неа има страшни сцени, бетон, прашина… Сега е познато кому припаѓа до оваа зграда.

„Зградата на сликата е во Кахраманмараш е репрезентативна зграда на Комората на градежни инженери. Не се потребни други зборови. Научниците и инженерите имаат знаење да изградат згради кои ќе преживеат таков голем земјотрес. Ако само науката и технологијата беа применети за доброто на луѓето!“, објавиле дел од корисниците на Твитер.

Овој град во јужна Турција беше еден од најтешко погодените од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари, во раните утрински часови. Се тресеше двапати, првиот пат со јачина од 7,8, а вториот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Официјални лица велат дека повеќе од 12.000 згради се уништени или сериозно оштетени во Турција.

Експертите тврди дека Турција има прописи за да спречи таква катастрофа. Но, градежните компании не ги спроведуваат доследно.

„Бидејќи првиот земјотрес беше толку силен, штетата требаше да се очекува, но не и штетата што ја гледате сега. Дури и да се урне зграда, луѓето обично можат да се кријат додека спасувачите не ги најдат, но овој пат зградите „се урнаа како палачинки“. Подовите се наредени еден врз друг, што значи дека има мали шанси луѓе да бидат пронајдени живи“, изјави за француската агенција АФП Мустафа Ердик, професор на Универзитетот Богазичи во Истанбул и член на Турската фондација за земјотреси.

Зихни Текин, консултант на Техничкиот факултет во Истанбул, рече дека причините обично се поврзани со неквалитетниот бетон, кој понекогаш се меша со премногу вода и чакал и премалку цемент.

„Други причини вклучуваат челични шипки кои се премногу тенки за зајакнување на столбовите, што влијае на издржливоста на зградата“, рекол инженерот.

Слични содржини