Приведени 12 лица поради урнатите згради во Турција: „Ова е само почеток“

од Nikola Popovski
204 прегледи

Турската полиција приведе 12 лица поради урнатите згради во југоисточните провинции Газиантеп и Шанлиурфа по силниот земјотрес што ја погоди Турција, објавија локалните медиуми. Тоа е само почеток бидејќи денеска се издадени 29 налози за апсење.

Најмалку 6.000 згради се урнаа по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, при што загинаа повеќе од 25.000 луѓе и предизвика бес поради лошата градба, објави новинската агенција Франс прес.

Се очекуваат нови апсења откако јавниот обвинител во Дијарбакир, една од 10-те југоисточни провинции погодени од земјотресот, денеска издаде налози за апсење на 29 лица, објави државната новинска агенција.

Еден од уапсените во саботата бил градежен изведувач во Газиантеп, објави агенцијата, додавајќи дека Мехмет Јашар Џошкун бил пронајден од полицијата во Истанбул.

Тој е приведен поради сомнение дека со авион се обидел да избега во Црна Гора. Она што е интересно е дека Џошкун и неговиот брат Хусеин Јалчин Џошкун имаат и фирми и градежен бизнис во Будва.

Слични содржини